Џеј Зи поднесе тужба за клевета против жената која го обвини за силување: „Изгубив 20 милиони долари“

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Раперот Џеј Зи поднесе тужба против жената која неодамна го обвини за сексуален напад, како и против нејзиниот адвокат Тони Базби.

Според Page Six, Џеј Зи тврди дека изгубил дури 20 милиони долари поради овие обвинувања.

Имено, во тужбата Џеј Зи наведува дека обвинетите, вклучувајќи го и адвокатот Дејвид Фортни, биле водени од алчност и целосно непочитување на вистината, како и на основните човечки вредности и пристојност. Раперот тврди дека поранешната тужителка, која претходно се идентификувала како Џејн До, признала дека Базби ја „убедил да продолжи со лажни обвинувања“ против него, откако обидот да изнуди пари преку писмо не успеал да донесе финансиска корист.

„Базби го вклучи Џеј Зи во таа приказна“, наводно изјавила таа.

Џеј Зи ги тужи за злонамерно здружување, злоупотреба на правниот систем, граѓански заговор и клевета.

Џејн До даде интервју за NBC во декември 2024 година во кое го обвини раперот за силување, тврдејќи дека инцидентот се случил во 2000 година, по доделувањето на видео музичките награди на MTV, кога таа имала само 13 години. Таа изјавила и дека била сексуално нападната од познатиот Шон Диди Комбс. Сепак, Џеј Зи остро ги отфрли овие наводи.

Во судските документи, раперот тврди дека Базби ја запознал Џејн на денот на нејзиното интервју во кафуле во Хјустон. Откако обвиненијата станаа јавни, Џеј Зи постојано тврдеше дека е жртва на обид за уцена, а во официјална изјава го осуди Базби, нарекувајќи го „кутар човек“.

„Повеќе од подготвен сум да се соочам со некој како тебе“, рече тој тогаш.

Неодамна, Џејн До јавно призна дека има „недоследности“ во нејзината тужба, вклучително и тврдењата дека на споменатата забава се запознала со музичарот Бенџи Маден, чиј претставник изјавил дека тој во тоа време бил на турнеја.

Тврдела и дека од забавата ја однел нејзиниот татко, кој изјавил дека не се сеќава на возењето кое траело дури пет часа.

„Дефинитивно би се сеќавал на тоа“, рекол таткото.

Слични содржини