Откако им откри на медиумите дека шест години не живее со Вил Смит, актерката Џејда Пинкет Смит повторно ја шокираше јавноста со нова изјава.
Имено, таа неодамна за „RollingOut“ изјави дека починатиот рапер Тупак Шакур е нејзина сродна душа.
„Тој беше моја сродна душа. Ако има нешто како минати животи, дефинитивно мислам дека Тупак и јас патувавме некое време заедно“, рекла Џејда за Шакур, со кого се спријателила како тинејџерка додека двајцата живееле во Балтимор.
Сепак, таа посочила дека тоа не било романтична врска бидејќи наводно немало „хемија меѓу нив“.
Пинкет Смит пишуваше за нејзината врска со Шакур во нејзините претстојни мемоари, „Worth“ кои ќе бидат објавени на 17-ти октомври.
Актерката неодамна им откри на медиумите дека не живее со Вил Смит од 2016 година, но дека не се законски разведени. Оваа информација привлече големо медиумско внимание во последните неколку дена.