Џејми Фокс уште во април оваа година од се уште непознати причини за јавноста заврши во болница во Чикаго и таму остана до средината на мај, кога беше отпуштен од болницата, по што замина во еден од најдобрите центри за рехабилитација во Америка. Неговото опоравување оди бавно, а блиските открија како напредува.
„Тој ја добива најдобрата нега во моментов и работи напорно на неговото закрепнување, но сè уште не е при себе“, изјави извор за People.
Покрај тоа, тој истакна дека славниот актер го има најтесниот круг околу него и нивната поддршка, но уште еднаш истакна дека неговото семејство не сака јавноста да има голема количина на информации за здравјето на Џејми Фокс.
„Му оди добро. Ти ветувам. Навистина, навистина добро“, изјави претходно колегата на Foxx, Датари Тарнер, која заедно со него копродуцираше филм.
Ќерките на Фокс, Корин Фокс и Анелиз Фокс се уште не одлучиле да кажат што точно се случило со Џејми Фокс, но очигледно тоа не било ништо безопасно. Центарот за рехабилитација во кој е сместен Фокс е специјализиран за опоравување од мозочен удар, траума и повреди на мозокот, повреда на ‘рбетниот мозок и рак.
Дополнително, еден од блиските извори открил дека амбициозниот Фокс извесно време не можел да зборува.