Откако во април оваа година загрижи милиони фанови ширум светот, откако се дозна дека итно е хоспитализиран поради мистериозни медицински компликации, Џејми Фокс конечно изгледа дека е добро.
Холивудскиот актер е снимен на јахта како плови по реката Чикаго и мавта кон фанови, а снимката ја објави TMZ.
Облечен, како и во повеќето случаи, со популарниот модел на очила за сонце, 55-годишникот беше исклучително расположен и насмеан, а ова се неговите први кадри откако заврши во болница каде помина долго време.
По снимката на јахтата, Фокс е снимен и како игра голф со пријателите, а овие папарацо фотографии ги објави и TMZ.
Веста за болеста на Фокс на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Корин на 12 април, но до ден денес не е познато што точно се случило и од што боледувал познатиот холивудски актер.