Џејми Ли Кертис објави слика од палестински деца со израелско знаме, па ја избриша по нападите

од Vladimir Zorba
551 прегледи

Џејми Ли Кертис се најде на удар на критики откако објави фотографија од палестински деца, велејќи дека сите деца треба да бидат заштитени. Актерката сподели фотографија направена од Самар Абу Елуф за Њујорк Тајмс, на која се гледаат палестински семејства кои бараат засолниште со своите деца.

64-годишната актерка ја сподели сликата на Инстаграм со натпис: „Терор од небо“ и емотикон со израелско знаме. Не требаше многу време луѓето да ги преплават социјалните мрежи со коментари за нејзината збунувачка објава. „Оваа слика е од Газа. Децата на неа се Палестинци“, и коментирал некој.

„Која е пораката овде? Имате фотографија од палестински деца снимена од муслимански фоторепортер од Газа со израелско знаме во неверојатно манипулативен опис“, „Тоа е слика на Палестинците во Газа кои Израел ги бомбардира од небо. Убава пропаганда“, се само дел од реакциите.

Сепак, Кертис подоцна ја избриша објавата и повторно се огласи на Инстаграм со објаснување. Таа сподели нова слика на две деца кои се држат за рака.

„Во војна, СИТЕ ДЕЦА треба да бидат заштитени“, напиша таа, меѓу другото.

Слични содржини