Легендарната актерка Џејн Фонда (85) е позната по својата искреност, а неодамна со својата изјава тотално го запали интернетот.
Во неодамнешното интервју за подкаст со комичарката Хедер Мекмахон, таа го откри своето необично правило за забавување кое крена голема прашина. Имено, таа признала дека доколку има љубовник во своите 80-ти години, тој би морал да има 20 години. Нејзиното објаснување гласело: „Затоа што не сакам стара кожа“.
Додека Мекмахан и екипата на подкаст „пукнала“ од смеење, Фонда останала сериозна, бранејќи ја својата позиција. Интервјуто брзо стана вирално, предизвикувајќи мешан бран реакции од обожавателите и критичарите.
Некои ја пофалија смелоста на Фонда и меѓу поддршката имаше молби да не се критикува Џејн и нејзината хумористична намера.
Фонда никогаш не избегнуваше да зборува за нејзиниот личен живот. Во 2018 година, таа изјави дека не е заинтересирана да се врати на сцената за состаноци и го потврди недостатокот на желба за романтична врска во 2021 година. Актерката вели дека го прифатила животот без романтични сплетки.
Во интервју за списанието Stellar, таа нагласи дека сега на 84 се чувствува „помлада отколку што бев во моите 20-ти“, припишувајќи го тоа на доживотната потрага по „подмладување“.
Размислувајќи за нејзината романтична историја, Фонда во 2018 година откри дека ја „затворила продавницата“ и дека го заклучила својот романтичен живот по три брака. Нејзината последна врска, осумгодишната заедница со музичкиот продуцент Пери, заврши пријателски во 2017 година.