Џејсон Деруло се огласи по обвинувањата за злоставување (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Пејачот Џејсон Деруло се најде на удар на критики откако беше откриено дека поп-ѕвездата Емаза Гибсон поднела тужба против него.

Таа рече дека потпишала договор со Деруло, според кој тој требало да ја направи ѕвезда, а потоа се се променило и музичарот наводно почнал да се однесува агресивно. Таа, исто така, истакна дека пејачот ја поканил да се сретнат и тогаш имплицирал дека Емаза „мора да има секс со него за да напредува“.

„Сега дојдов до таа точка во мојот живот кога сум скршена. Вознемирена сум, трауматизирана. Се соочив со нечовечки услови за работа. Јас сум на нула и немам ништо“, изјавила Емаза за Ен-Би-Си.

Во тужбата што таа ја поднела против Деруло се вели дека пејачот изгубила интерес за неа кога ги одбила неговите „сексуални предлози“ и поканите за вечери каде што се консумирал алкохол.

Недолго после тоа, договорот меѓу двајцата бил раскинат. Сето ова наводно се случило во 2021 година, додека Деруло бил во врска со Џена Фрумс, со која раскина само четири месеци откако добија син. Таа подоцна го обвини дека ја изневерувал.

Џејсон сега се огласи на Инстаграм за да ја даде својата верзија на настаните.

„Инаку не коментирам за вакви работи, но ова длабоко ме повреди. Секогаш стојам против секаков вид насилство и останувам на поддршката за оние кои ги следат нивните соништа. Отсекогаш сум се трудел да го водам мојот живот на таков начин да можам да влијаам на некого на позитивен начин и затоа седам пред вас длабоко навреден од ваквите тврдења. Господ да ве благослови“, рече Џејсон Деруло во видеото кое го објави.

Слични содржини