Џејсон Момоа, ѕвездата на „Aquaman and the Lost Kingdom“, зборуваше во интервју за Entertainment Tonight за иднината на суперхеројската франшиза Aquaman од филмскиот универзум на DC.
Популарниот актер се сомнева дека во иднина повторно ќе го носи оделото Aquaman, но би сакал да продолжи да го игра кралот на Атлантида.
„Не нужно сакам ова да биде крај, но мислам дека немам избор“, рече Момоа, објаснувајќи дека Џејмс Ган и Питер Сафран, кои го презедоа DC, сакаат да работат на нови проекти.
„Работата е во тоа што ако на публиката и се допадне новиот филм, постои можност“, рече Момоа на прашањето дали ќе го репризира Aquaman. „Но, во моментов размислувам: „Ова не изгледа многу добро“.
„Го сакам овој лик и би сакал да го глумам долго време“, додаде актерот. „Веќе можам да ја видам насоката во која би можеле да одиме. Дури и во следните десет години, има интересни работи што би можеле да ги правиме. Уживам во оваа улога и во овој свет. Значи, се зависи од тоа дали на луѓето им се допаѓа филмот“.
Момоа првпат го толкуваше Aquaman во филмот „Justice League“ во 2017 година, а една година подоцна глумеше во првиот филм за Aquaman. Момоа успеа да претвори стрип лик, кој многумина го исмеваа, во популарен суперхерој. Филмот Aquaman заработи повеќе од милијарда долари на бокс офисот.
Бидејќи Ган и Сафран планираат рестартирање на целата франшиза на DC, Момоа најверојатно повеќе нема да го игра Aquaman. Сепак, саканиот актер изјави дека е подготвен за други улоги во рамките на франшизата.
„Ова е мојот дом. Warner и DC се дефинитивно мојот дом. Тоа е сè што ќе кажам“, изјави Момоа.