Минатата година неверојатна популарност доживеа серијата „Wednesday“ според популарниот лик Венсдеј Адамс од серијалот наречена „Семејството Адамс“.
Благодарение на оваа серија, актерката Џена Ортега доживеа огромна популарност, а фановите со нетрпение ја очекуваат втората сезона од оваа продукција.
Џена во втората сезона покрај главната улога ќе ја толкува и улогата на продуцент, а сега во една емисија откри каква ќе биде втората сезона и како ќе се развива нејзиниот лик.
„Сè уште се развива и склопува, но решивме дека сакаме да одиме повеќе во насока на хорор. Бидејќи сè е толку опуштено и тоа е шоу со вампири, врколаци и супер моќи, не сакаме се да сфаќаме премногу сериозно. Отфрливме секаков вид на романтичен љубовен интерес за Венсдеј, што е навистина кул. Ќе бидеме многу похрабри и помрачни“, наведе Џена.