Џени, мачката на Титаник, која успеа да избегне катастрофа и да ги спаси своите мачиња и еден од работниците

од Марта Пешевска
84 прегледи

Познатата трагедија на Титаник е еден од најголемите несреќи кои се случиле во историјата, но малкумина ја знаат приказната за Џени, мачката која ги спасила своите мачиња пред да почне катастрофата. Џени не била обична мачка. Таа била официјален ловец на глувци на Титаник, донесена на бродот со цел да ја контролира популацијата на глодари. За време на пробното патување, Џени родила мачиња, а за нив се грижел вработениот Џим Малхоланд.

Џим имал одговорност да се погрижи за Џени и нејзините мачиња. Тој дури направил удобно место за нив во близина на бродската кујна, каде што им давал храна. Неговата грижливост ѝ давала на мачката чувство на безбедност и смиреност. Меѓутоа, неколку дена пред бродот да отплови од Саутемптон кон Њујорк, Џени почнала да се однесува чудно. Негодувањето и немирноста станале сè поголеми, а потоа, без никакво предупредување, таа почнала да ги зема своите мачиња едно по едно, нежно фаќајќи ги за вратот и носејќи ги надвор од бродот.

Повторно и повторно, Џени ги водела мачињата по скалите, додека сите безбедно не биле на копно. Џим, кој ги следел нејзините потези, не можел да поверува на своите очи. Во тој момент, нешто му станало јасно. „Оваа мачка знае нешто… нешто што ние не знаеме“, си помислил тој.

Следејќи ја интуицијата на Џени, Џим одлучил да го напушти Титаник. Тој ги собрал своите работи и тивко го напуштил бродот. Тој никогаш не се вратил. Титаник продолжил да плови без него. Неколку дена подоцна, Титаник наишол на катастрофата, удри во санта мраз и потонал во студените води на Атлантскиот океан, земајќи илјадници животи. Но, благодарение на интуицијата на една мачка, Џим и мачињата на Џени биле меѓу оние што се спасиле.

Слични содржини