Џенифер Анистон го откри рецептот за салатата која ја јадела секој ден на снимањето на „Пријатели“

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Познатата актерка Џенифер Анистон го сподели рецептот за салатата што ја јадела за време на снимањето на серијата „Пријатели“.

Таа истакна дека тоа е нејзината „омилена салата“.

„Сакам да јадам печурки. Сакам никулци. Ми се допаѓаат некои домати. Авокадо, маслинки, секогаш малку сирење – никогаш нема да се откажам од сирењето. Додавам или исечен пармезан или пекорино… Или фета… Или сè!“, изјави Џенифер за „Today“.

Таа, исто така, истакна дека сака да додава исечени бадеми или семки од сончоглед во салатата за крцкавост, или сечкано или пржено јајце за протеини.

За оваа салата прва проговори актерката Кортни Кокс која ја глумеше Моника во серијата „Пријатели“. Во едно интервју во 2010 година, таа изјави дека таа и Џенифер ја јаделе „Коб салатата“ секој ден 10 години, колку што траело снимањето на серијата.

Слични содржини