Џенифер Анистон искрено за љубовта: „Секогаш ми беше тешко во врските бидејќи бев некако сама“

од Stefanija Kuzmanovska
512 прегледи

Џенифер Анистон е една од најпопуларните холивудски актерки, која својата успешна актерска кариера ја изгради во бројни популарни филмови и серии.

Анистон беше во брак со познатиот актер Бред Пит од 2000 до 2005 година. Сепак, Бред се вљуби во Анџелина Џоли на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“, поради што ја остави Џенифер.

По овој развод, актерката се омажи за Џастин Теру во 2015 година, а бракот траеше две години.

Џенифер Анистон во големото интервју за „Волстрит журнал“ откри дека како дете го гледала бракот на нејзините родители и дека тоа многу влијаело на нејзиното однесување во врските кога пораснала.

„Секогаш ми беше тешко во врските бидејќи навистина бев некако сама. Не знам. Кога ги гледав моите родители во брак, не мислев дека тоа е нешто што едвај чекам и самата да го имам. Не ми се допадна идејата да го жртвувам она што сум или што сакам да бидам за некој друг. Немаше кој да ме научи на тоа. Така што полесно ми беше да бидам сама. Немав вистински ‘тренинг’ за тоа давање и примање“, објаснила актерката.

Слични содржини