Џенифер Анистон откри каков „екстремен страв“ има: Користи необичен метод за да го надмине

од Nikola Popovski
65 прегледи

Џенифер Анистон зборуваше за магазинот „Travel + Leisure“ и откри дека со години се справува со изразен страв од летање, како и со која техника го ублажува тој страв.

Актерката сподели какви чекори презема за да се справи со својот проблем.

„Имам сериозен страв од летање“, признала 56-годишната актерка. Рекла дека порано имала одредени суеверни ритуали – пред да влезе во авионот секогаш го допирала со десната рака и газела со десната нога. Меѓутоа, во последно време, се обидува со поинаков пристап.

„Почнав да се занимавам со хипноза, а едно од барањата беше да се ослободам од тие суеверни навики“, вели таа. Додала дека повеќе не инсистира на десната нога и рака при влегувањето во авионот.

Истакнала и дека медитацијата многу ѝ помогнала во борбата против стравот. Таа исто така се обидува да станува, да се движи или да се истегнува што е можно повеќе во текот на летото, за да остане смирена.

Друга работа што ѝ создава стрес при патување е пакувањето. Признава дека секогаш носи премногу работи со себе.

„Озлогласена сум по тоа колку носам. Едноставно никогаш не знаеш каде ќе завршиш или како ќе се чувствуваш тој ден. Моите пријатели ме сакаат затоа што секогаш можат да го најдат она што го заборавиле кај мене. Во таа смисла, давам вистинска услуга“, порачала Анистон низ насмевка.

Слични содржини