Џенифер Анистон отворено: „Сакав да бидам мајка, одев на вештачко оплодување со години“

од Stefanija Kuzmanovska
613 прегледи

Познатата актерка Џенифер Анистон често се соочувала со прашањата дали планира да има деца, но и со коментари дека „дава приоритет на кариерата пред потомството“.

Таа до неодамна не сакаше да одговори на овие непристојни коментари, а потоа откри дека со години водела мачна битка да забремени, што, за жал, не ѝ успеало.

„Сакав да бидам мајка, но тоа беше пат преполн со предизвици. Одев на вештачко оплодување со години, пиев кинески чаеви, пробав се. Бев очајна, а медиумите пишуваа дека моите сопрузи ме напуштаат затоа што не сакам да родам дете. Посакувам некој порано да ми речеше – замрзни јајце клетки, направи си услуга. Но, денес знам дека бродот отплови“, изјави таа за списанието Allure минатата година.

 

„За мене се пишуваше дека ми е важна само кариерата, не дај Боже жената да биде успешна, а да нема деца. Исто така и дека мојот сопруг ме оставил затоа што сум одбила да му родам дете. Поминав низ ужасни работи, но тие ме направија тоа што сум денес. Долги години ја криев мојата приказна за вештачко оплодување. Во денешно време, имаме толку мала можност да задржиме нешто за себе, светот создава наративи кои не се вистинити. Не ми е гајле повеќе. Јас ќе ја кажам вистината. Немам веќе што да кријам“, додаде таа тогаш.

Сега признала дека секоја година за Денот на мајката добива букет цвеќе од многу близок колега. Станува збор за актерот Адам Сендлер со кој Џенифер глумеше во неколку комедии.

Како што признала актерката за WSJ, Адам и неговата сопруга Џеки ѝ испраќаат цвеќе секоја година на споменатиот празник за да ја потсетуваат на храбрата борба што ја водела и да ѝ пружат поддршка.

Слични содржини