Џенифер Гарнер беше камен на поддршка за нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек за време на неговиот тежок развод со Џенифер Лопез, но нејзиниот партнер Џон Милер сега тврди дека пријателството на поранешните сопружници ги преминало границите.
Само една недела откако медиумите објавија фотографии од топлата прегратка на Гарнер и Афлек на роденденската забава на нивниот син Семјуел, реагираше и партнерот на популарната актерка. Дека не му е пријатно малку покажа со „слатка одмазда“ со тоа што замина во друштво на неговата поранешна сопруга, виолинистката Керолин Кембел, но не застана тука.
Како што открива „DailyMail“, Џон Милер повлекол потег „или-или“, а популарната актерка сега е принудена да избере страна.
Иако претходно беше објавено дека самиот Милер е голем поддржувач на пријателските односи на поранешните сопружници и дека разбира колку се вредни добрите односи за децата и нивното нормално воспитување, фотографиите кои ја покажуваат блискоста меѓу Гарнер и Афлек беа последната капка.
Изворот откри дека Милер ѝ дал ултиматум на Џенифер: не сака да гледа повеќе вакви фотографии или ќе мора да ја остави.
Милер се чувствува како да е вишок во врската Афлек-Гарнер-Милер, а бидејќи Афлек се повеќе се потпира на својата поранешна сопруга во последно време, тој не е воодушевен што поранешните сопружници поминуваат се повеќе време заедно.