Магазинот „Тајм“ ја постави на врвот актерката Џенифер Кулиџ на својата годишна листа на 100 највлијателни луѓе.
Џенифер Кулиџ, ѕвездата на American Pie, Legally Blonde и хит серијата на HBO, White Lotus, во последно време е многу популарна.
„За мене е апсолутно збунувачки што ова се случува. Но, погодете што? Ми се допаѓа. Се чувствувам како да сум била заклучена во кутија под креветот, а сега сум излезена. Мило ми е што ме пуштија од таа кутија, вака е многу подобро“, изјави актерката која сега е на врвот на кариерата на 61-годишна возраст.
Таа, исто така, им даде совет на помладите жени дека треба помалку да се грижат за тоа да бидат привлечни за другите и да го најдат својот пат.
„Поминав огромен дел од мојот живот обидувајќи се да најдам мажи кои не ме сакаат, наместо само да се грижам за работата и да работам на моите работи“, рече таа.