Џенифер Лопез го покажа своето второ лице: Еве како ја одбранила својата ќерка

од Nikola Popovski
316 прегледи

На премиерата на претставата „Отело“, со Дензел Вашингтон и Џејк Гиленхал во главните улоги, актерката и пејачка Џенифер Лопез ја донела својата ќерка и покажала колку далеку е подготвена да оди за да ја заштити од налетот на папараците.

Џенифер Лопез и нејзината ќерка Ема ги маѓепсале сите на црвениот тепих во неделата пред премиерата на претставата „Отело“ на Бродвеј, но не биле само нивните модни избори главна тема на вечерта.

Настанот го одбележал и еден инцидент. Познатата актерка и пејачка го покажала своето второ лице, значително поразлично од нејзината вообичаена воздржаност која ја презентира пред медиумите.

За се се виновни папараците. Имено, при излегувањето од театарот, фотограф премногу се доближил со нејзината 17-годишна ќерка Ема, поради што Лопез „полудела“ и почнала да вика гласно.

Според изјава на сведок на настанот за „Page Six“, Лопез се покажала во вистинско светло како мајка, делувајќи заштитнички и викајќи по фотографот.

Иако и самата е навикната на разни медиумски напади и критики и постојаното следење на папараците, таа покажала дека има едно нешто што сигурно нема да толерира, а тоа е секое загрозување на нејзините деца.

Слични содржини