Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез ја откажа својата музичка турнеја „за да им се посвети на децата, семејството и блиските пријатели“, пишува магазинот People.
Веста за откажувањето на концертната турнеја не е баш целосно изненадување по информациите за слаба продажба на билети, но вистинските причини можеби се од приватен карактер.
На нејзината веб-страница, OntheJLo, таа објасни зошто тоа е тешка одлука за неа.
– Многу сум тажна и уништена затоа што те изневерив. Мора да знаете дека немаше да го направам ова доколку не чувствувам дека таквата одлука е апсолутно неопходна, напишала 54-годишната пејачка.
-Ветувам дека ќе ви се оддолжам и дека повторно ќе бидеме сите заедно. Многу ве сакам сите. До следниот пат…, продолжи Лопез.
Турнејата требаше да се одржи од јуни до август како дел од промоцијата на нејзиниот албум „This Is Me… Now“ кој го објави во февруари, пренесе Јутарњи лист.
Џенифер Лопез последните недели го промовираше новиот филм „Атлас“, а нејзиниот брак со Бен Афлек со денови е во фокусот на интересот на јавноста. Таблоидите, всушност, објавија дека бракот на Лопез и Афлек е на „тенок мраз“ и дека парот живее одвоено.
Меѓутоа, во четвртокот заедно се појавија во јавноста. Тие се фотографираа на дипломирањето на најстарата ќерка на Афлек, Виолет, па дури и се држеа за рака.
Според Variety, турнејата не била откажана поради лошата продажба на билети.
Ниту Џенифер ниту Бен јавно не ги коментираа гласините за пропаѓање на нивниот брак.
На различни настани во последните недели тие се појавуваа сами, без бурми на рацете. Минатата недела беше објавено дека Лопез ги забранила сите прашања во врска со нејзиниот сопруг и нивниот брак од прес-конференции и интервјуа за време на промотивната турнеја за нејзиниот нов филм „Атлас“.
Афлек моментално го снима филмот „The Accountant 2“ во Лос Анџелес, во кој ја повторува една од своите најуспешни улоги.