Бен Афлек вчера на 15 август наполни 51 година, а неговата сопруга Џенифер Лопез му го честиташе роденденот со симпатично видео.
На него, насмеаниот пар вози автомобил, а пејачката заљубено го гледа својот партнер.
„Драг Бен… Среќен ти роденден. Те сакам“, напишала накратко Лопез.
View this post on Instagram
Инаку, на видеото се гледа како Џенифер jа пее познатата песна на Сем Кук „(What A) Wonderful World“ од 1960 година.
Сепак, според мислењето на некои во коментарите, пејачката и актерката не вложила многу труд во честитката.
Покрај тоа, имало и такви кои коментираат дека ова е само уште еден во низата обиди да покажат дека меѓу нив се е во ред.
Таквите приказни датираат од пред две години, кога се венчале по само неколку месеци врска. Се почесто може да се слушне аргументот дека се заедно само затоа што Џенифер има проблем да биде сама, па овој брак го одржува само поради таа причина.