29
Американската пејачка Џенифер Лопез поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек по две години брак.
Барањето е поднесено во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги виде Би-Би-Си.
Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, вклучувајќи тековни приходи, расходи, средства и долгови.