Џенифер Лопез: Се плашев дека ќе останам сама

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез сподели бројни детали од нејзиниот приватен живот. Популарната Џеј Ло проговори за растењето, љубовта и нејзините длабоки стравови кои ја следеле во текот на животот.

Имено, пред да се смири со актерот Бен Афлек, со кого беше верена пред 20 години, Џенифер се плашела дека ќе остане сама.

Џеј Ло пораснала во големо семејство кое не било богато, а во куќата секогаш имало некој, па ѝ требало долго време да научи да живее сама и да си биде себеси најдобра пријателка.

„Денес функционирам многу подобро, но ми требаше многу работа за да стигнам до оваа точка. Потребна е многу работа за да промените нешто кај себе, вашите навики, а токму тоа е она за што е мојот филм – промена на навиките“, заклучила Лопез во шоу програмата The Kelly Clarkson Show.

Слични содржини