Џенифер Лоренс ќе глуми во научно-фантастичната комедија на А24

од Vladimir Zorba
29 прегледи

По успехот на минатогодишниот филм No Hard Feelings, Џенифер Лоренс се подготвува да глуми во нова комедија. Ѕвездата на X-Men ќе биде продуцент и ќе глуми во филмот на А24, Why Don’t You Love Me, потврди IndieWire.

Филмот е адаптација на истоимениот графички роман на авторот Пол Б. Рејни, објавен во 2023 година. Во филмот Лоренс ќе игра жена чиј брак се распаѓа и која во исто време чувствува дека нешто не е во ред со нејзината реалност.

Романот на Рејни е опишан како научно-фантастична црна комедија за бракот, алкохолизмот и депресијата. Приказната следи еден маж и жена кои сфаќаат дека не се задоволни од нивната врска и животот што го водат воопшто, откако ја слушнале веста на радио за почеток на нуклеарна војна. Ликот на Лоренс е мрзливец кој никогаш не престанува да пуши и целото време го поминува во „бањарка“, додека таа и нејзиниот сопруг се прашуваат дали сето тоа е само сон.

Сценариото за филмот го напиша Роберт Фанке, кој работеше на серијата On Becoming a God во централна Флорида. Why Don’t You Love Me е продуциран од Лоренс, Ари Астер, Ларс Кнудсен, Емили Хилднер и Џастин Сиароки. Рејни е извршен продуцент.

Слични содржини