507
Во изминатите години се шпекулираше дека Џенифер Лоренс и Лијам Хемсворт биле во врска додека тој бил во брак со Мајли Сајрус.
Ова повторно стана главна тема на мрежите, но и во медиумите, откако Мајли ја објави песната „Flowers“ која за кратко време стана светски хит.
Имено, многумина толкуваа дека Мајли со оваа песна го прозва Лијам, но и Џенифер и другите жени со кои тој наводно ја изневерувал.
Во врска со ова се огласи и Џенифер Лоренс која негираше било каква врска со актерот.
„Тоа не е точно. Би сакала да одговорам на ова и да кажам дека тоа не е вистина. Чисти озборувања. Мислам, сите знаеме дека Лијам и јас се бакнавме еднаш. Но, тоа беше неколку години по нивното раскинување“, признала Џенифер Лоренс во шоуто на Енди Коен.