Пејачката Џеси Џеј ги загрижи своите следбеници по веста дека повторно е примена во болница, само шест недели по операцијата за рак на дојка.
„Како ги поминав последните 24 часа. Шест недели по операцијата, се вратив на истиот оддел. Тоа не беше планирано, ниту очекувано. Не е во прашање згрутчување на крвта, фала му на Бога. Но по серија тестови, откриено е дека имам инфекција (уште не знаеме точно каква) и мала количина течност во белите дробови“, напиша таа.
„Тешко ми е да вдишам длабоко, но мразам да сум во болница. Синоќа самата се отпуштив и ќе продолжам со испитувањата како амбулантски пациент. Знам дека многумина кои поминале низ нешто слично можеби нема да се согласат со мене, и тоа е во ред. Но за мене, физички најтешкиот момент беше токму оној кога влегов во оперативната сала.“
Во дополнителна објава на социјалните мрежи, се осврна и на емоционалниот товар на закрепнувањето и како сето тоа влијаело на нејзиниот секојдневен живот, родителство и кариера.

Инстаграм
„Опоравувањето физички не е брзо ниту лесно, а психички ова е најпредизвикувачкиот период од мојот живот. Особено затоа што сум мајка на мало дете и не можев да бидам мајка каква што обично сум. Морав да ги сменам и сите деловни планови за оваа година, што ме фрустрира бидејќи вложив многу и бев возбудена за сè што ме очекуваше. Но таков е животот, го знам тоа.“
Џеси Џеј и претходно се соочувала со сериозни здравствени проблеми. Уште на осумгодишна возраст ѝ бил дијагностициран Волф-Паркинсон-Вајтов синдром, поради кој имала мозочен удар на истата возраст, а некое време лекарите ѝ кажувале дека нема да може да има деца. Сепак, успеа да забремени во 2021 година, кога доживеа спонтан абортус, и во 2023 година, кога го роди синот Скај.