Светот го обиколи веста дека познатата манекенка Џиџи Хадид е приведена на Кајманските острови поради поседување марихуана.
Според „E!News“, таа на 10 јули отишла на „женско патување“ на Кајманските острови и била уапсена на меѓународниот аеродром „Овен Робертс“.
Причина за тоа е фактот што во багажот на приватниот авион со кој патувала манекенката и нејзината пријателка, цариниците наводно пронашле марихуана и прибор кој се користи за нејзина консумација.
Џиџи и нејзината пријателка потоа биле уапсени под „сомнение за увоз марихуана и се обиделе да конзумираат марихуана“, објавија локалните медиуми, додавајќи дека девојките биле однесени во притвор, од каде биле пуштени со кауција.
Два дена подоцна, на 12 јули, Џиџи и нејзината пријателка беа официјално обвинети на суд, каде што ја признаа вината и двете беа казнети со 1.000 долари.
„Џиџи патуваше со марихуана купена легално во Њујорк, со медицинска дозвола. Легално е и за медицинска употреба во Гранд Кајман од 2017 година. Нејзиното досие останува чисто и таа ужива во остатокот од своето време на овој остров“, изјави претставникот на манекенката за „E!News“.
Џиџи сега се огласи на социјалните мрежи и со една објава јасно стави до знаење дека нејзините проблеми се зад неа.
Имено, таа на Инстаграм објави серија фотографии и видеа на кои била со својата пријателка на Кајманските острови и во описот напишала: „Сè е добро што добро ќе заврши“.