Џигал: Говорот на омраза е честа појава во политичките комуникациски стратегии на партиите кои немаат решенија за реалните проблеми

-Говорот на омраза тука функционира како алатка за одвлекување внимание и консолидирање на “својот табор” преку создавање на “внатрешен или надворешен непријател”, вели Џигл за „Локално“.

од Бисера Трајковска
24 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Комуникологот Сеад Џигaл вели дека говорот на омраза за жал е честа појава во политичките комуникациски стратегии на партиите кои немаат конкретни решенија за реалните проблеми на граѓаните. 

Тој за „Локално“ посочува дека во отсуство на нови политики, политичките актери ја префрлаат дебатата од социјално-економската сфера кон идентитетски и емоционални теми, кои полесно мобилизираат електорат. 

-Говорот на омраза тука функционира како алатка за одвлекување внимание и консолидирање на “својот табор” преку создавање на “внатрешен или надворешен непријател”, вели Џигл.

Тој е на ставот дека во последната деценија, јавниот говор кај нас постепено се нормализира и десензитивизира. 

Б.Т.