Џилас побара оставка од Вучиќ по гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

од Илинка Илиоска
443 прегледи

Опозициската партија во Србија, Партијата на слободата и правдата, побара од Александар Вучиќ да си поднесе оставка од претседателската функција, поради, како што велат, „новиот пораз“ со гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

„Го повикувам Александар Вучиќ да поднесе оставка бидејќи по неговиот нов пораз, овој пат во Обединетите нации, тој не може да остане претседател на Србија. Дванаесет години Александар Вучиќ и неговите медиуми ни кажуваат како се бори за Србија, како цел свет го почитува, како Србија е силна, но поразот од ден на ден е се помал“, вели во изјавата претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Џилас.

Како што се наведува, Косово се повеќе се одвојува од Србија, секоја година има се помалку Срби и дека земјата е европски шампион во инфлација, корупција, криминал…

„А Вучиќ се бори. Настрана што реално се бори само за својот џеб, суштината е следна: на Србија не и треба претседател кој се бори, туку победува. А, Вучиќ продолжува да губи. И секогаш сите други се виновни. Никогаш тој, ниту неговите соработници. Тој самиот го направи прашањето за резолуцијата најважно прашање за нашата иднина, лажеше дека ќе бидеме прогласени за геноциден народ, дека ќе платиме воени репарации. Од резолуцијата, која е навистина лоша и ќе предизвика нови тензии во регионот, тој го постави прашањето за сите прашања, борбата на сите битки. И тој загуби во таа борба. Тој загуби по којзнае кој пат и навистина си го обезбеди местото во историските книги што толку многу го посакуваше“, додава Џилас.

Слични содржини