Џим Кери би се согласил на продолжение на блокбастерот „Маска“ од 1994 година, но има еден услов.
Комедијата им помогна на Кери и на неговата колешка Камерон Дијаз да се пробијат во светот на филмската индустрија. Дополнително, остана запаметена како една од најуспешните комедии од деведесеттите бидејќи заработи повеќе од 350 милиони долари со буџет од околу 20 милиони.
Во филмот, Кери го играше Стенли Ипкис, просечен човек чиј живот се менува откако ќе најде магична дрвена маска која му нуди моќ. Маската е инспирирана од истоимениот стрип на авторот Мајк Ричардсон.
Успехот на филмот резултираше со продолжение од 2005 година, кое беше критички и финансиски неуспех. Иако Кери не глумеше во првото продолжение, во новото интервју за ComicBook изјави дека е отворен за улога во продолжението на Маска, но само ако е добро сценарио.
„Знаете, приказната треба да биде добра. За некој да смисли добра приказна… Навистина не се работи за парите. Се шегувам со парите, но никогаш не знам“, рекол актерот и комичар.
Неодамна потврди дека ќе се врати во улогата на „Гринч“.
„Не можете да бидете 100 проценти сигурни за вакви работи. Реков дека би сакал да се пензионирам, но мислам дека всушност зборував за долг одмор. Затоа што штом ќе добиете добра приказна или група на луѓе со кои сте уживале да работите, работите едноставно се менуваат“, додаде тој.