Џинпинг испрати писмо со сочувство до Вучиќ

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска примил писмо со сочувство од претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг.

– Шокиран сум од веста за две последователни престрелки кои доведоа до жртви во вашата земја. Во име на Владата, народот на Кина, како и во мое лично име, сакам да изразам длабоко жалење за жртвите, да упатам искрено сочувство до нивните семејства и да им посакам на повредените брзо закрепнување, се наведува во писмото со сочувство од претседателот на Народна Република Кина.

Слични содржини