226
Кошаркарите на Филаделфија ја победија Оклахома со 109:106, во враќањето на Џоел Ембид на теренот по неколкунеделна пауза.
Центарот на Сиксерс се врати на теренот по деветнеделна пауза поради повреда на менискусот, а првиот меч го заврши со 24 поени, а постигна и важни поени од слободни во самата завршница од мечот.
Ембиид имаше 6/14 од поле, шутираше три тројки, но не погоди ниту една, додека беше непогрешлив од белата линија – 12/12.Покрај тоа, имаше и шест скока и седум асистенции.
Од неговите соиграчите подобар беше само Убресо 25 поени, а Харис помогна со 18. Кај Оклахома најдобар беше Холмгрен со 22 поени и седум скока, а Дорт имаше 15, исто толку колку и Вигинс.