Долгогодишната битка за развод на „Бранџелина“ е далеку од завршена и е на пат да стане една од најдолгите во историјата на Холивуд. Имено, 59-годишниот Бред Пит и 48-годишната Анџелина Џоли објавија дека се разделуваат во 2016 година по наводна жестока тепачка во авион во кој Џоли и најмалку две од нивните шест деца биле полиени со алкохол.
А се чини дека Џоли, според новите информации, не брза да се спогоди.
„Таа ќе го одолговлекува овој развод додека близнаците, кои сега имаат 14 години, не наполнат 18 години. Уште четири години“, изјави пријателката на Пит, Паули Фролих за списанието „NewsNation Now“.
Разделената двојка има шест деца: Медокс (21), Пакс (19), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Конокс и Вивиен кои наскоро ќе наполнат 15 години.
Пит наводно издвоил околу 14 милиони долари за нивното разделување, вклучително и „заем“ од 8 милиони долари на Џоли за да купи дом со шест спални соби и десет бањи во Лос Фелиз, Калифорнија, од 24,5 милиони долари, рекла пријателката на актерот. Пит исто така се бори со Џоли и руски олигарх за Шато Миравал, нивниот поранешен дом и лозје во Франција.
Џоли ја продала својата половина од бизнисот со вино на компанијата на Јуриј Шефлер, Тенута дел Мондо, за која Пит тврдеше дека е нелегална бидејќи тој лично не ја одобрил продажбата. Според судските документи до кои дошла Фролих, некогашната моќна двојка изјавила дека „никогаш нема да ја продадат сопственоста на Миравал без согласност на другиот“.
Како што наведува „Јутарњи“, двојката ја купила винаријата во 2008 година за 27 милиони долари, но сега вреди повеќе од 160 милиони долари, пишува „Wine Spectator“. Минатата година Пит бараше судење поради продажбата на Џоли.
Пит и Џоли не се единствените чии разводи траат со години, но некогаш неразделните „Бранџелина“ би можелаеда бидат победник, ако пријателот на Пит е во право. Инаку, Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер го финализираа разводот во 2021 година, иако се разделија десет години порано.
Алума од серијата „Реални домаќинки од Њујорк“ Бетини Френкел се раздели од Џејсон Хопи во 2021 година, осум години откако секој си тргна по својот пат.