Со заработка од милијарда долари, серијалот „Џон Вик“ денес е една од најуспешните акциони серии на сите времиња, но овој успех немаше да биде возможен без Ева Лонгорија.
Режисерите на филмот, Чад Стахелски и Дејвид Лич, неодамна дадоа интервју за „Business Insider“, при што открија дека Лонгорија уплатила 6 милиони долари ден пред снимањето, со цел да ја спаси продукцијата.
„Околу една недела пред да започнеме со снимање изгубивме речиси шест милиони долари“, се сеќава Стахелски, според Variety. „Сами го финансиравме филмот за да добиеме гаранција, но еден од инвеститорите не можеше навреме да ги собере парите“.
Режисерите и Кијану Ривс веќе вложиле свои пари во филмот за Џон Вик бидејќи верувале во проектот, а продуцентот Басил Иваник „исцедил“ три кредитни картички за да придонесе за буџетот. Агенцијата за креативни уметници, исто така, му помогна на тимот во обезбедувањето финансии за филмот и за да го спаси проектот, им понуди на актерите кои се дел од агенцијата да инвестираат во филмот.
Стахелски рече дека Лонгорија ги уплатила средствата помалку од 24 часа пред целиот проект да биде укинат.
„Василиј не одведе на вечера по снимањето и се смеевме за сите глупости што се случија, а потоа рече: „Смешна приказна, но знаеш ли кој те финансираше? Ева Лонгорија“. Бевме во шок“, се сеќава режисерот.
За да и се заблагодарат, Стахелски и Лич ја однеле Лонгорија на ручек во луксузниот хотел „Шато Мармонт“.
„Таа се насмеа и ни рече: „Не мислев дека ова ќе успее“, рече Стахелски.
Лајч додаде дека Лонгорија подоцна му рекла дека инвестирањето во филмот е најдобрата финансиска одлука што некогаш ја донела.
И двајцата режисери изразиле желба да соработуваат со Лонгорија штом ќе се укаже прилика.