239
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска го нарече „шарада“ извештајот на Комитетот за привилегии на Долниот дом, кој малку претходно оцени дека треба да биде суспендиран од Парламентот на 90 дена бидејќи „намерно го довел во заблуда Парламентот“ за забавите што ги организираше за време на пандемијата.
Тој го нарече извештајот „нарушен заклучок“ и додаде дека згрешил што верувал на комисијата или на нивните добри намери“, објави „Скај њуз“.
Џонсон конкретно се осврна на претседателката на Комисијата Хариет Харман, велејќи дека „најлошиот дел од сè е што не беше тој што ја изврте вистината за да одговара на неговите цели, туку Харман и нејзината комисија го направија тоа“.