Џонсон објавува мемоари: Жестоко го нападна Макрон

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се занимава со францускиот претседател Емануел Макрон во своите мемоари, чии делови објави „Дејли Мејл“.

На 10 октомври, поранешниот лидер на британските конзервативци ги објавува „Unleashed“, мемоари во кои го раскажува своето искуство во политиката, особено неговото време во „Даунинг стрит“ од 2019 до 2022 година, обележано со преговорите со Европската унија за „Брегзит“ и Ковид 19 пандемијата.

„Иако Макрон е шармантен лично и иако често не се согласувавме за важни прашања, тој навистина го мислеше тоа кога рече дека Велика Британија треба да биде казнета за „Брегзит“, пишува Џонсон.

Тој опширно ги опишува неговите разговори со европските лидери како што се поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и Емануел Макрон, чиј акцент го исмева кога зборува англиски.

„За некои прашања, се плашам, тој навистина направи штета“, вели тој за Макрон.

Тој лично го критикува францускиот претседател за неговиот став за незгодното прашање со мигрантите кои илегално го преминуваат Ла Манш за да стигнат од Франција во Обединетото Кралство, што е многу чувствителна тема за британската страна.

Во своето обвиненување, тој сугерира дека Макрон дури бил подготвен да ги затвори очите пред бандите трговци со луѓе за да им го загорчи животот на Британците кои ја напуштиле ЕУ.

„Во најмала рака, ми се чинеше можно дека тој го користеше проблемот… и дискретно дозволуваше доволно голем број мигранти да го преминат Каналот за да го излуди британскиот народ и да го поткопа едно од најважните прашања на „Брегзит“ – враќањето на контролата на нашите граници“, пишува Џонсон.

Слични содржини