Џорџ Клуни: Џо Бајден со кој бев пред три недели, не е истиот од 2020 година, тој треба да се повлече

од Milan1
49 прегледи

Американскиот актер Џорџ Клуни, изјави дека претседателот Џо Бајден не е истата личност која ја освои Белата куќа во 2020 година и треба да се повлече од трката за уште еден претседателски мандат.

Клуни беше домаќин на собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот претседател во дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.

„Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што го виделе”, додаде Клуни.

Последователно интервју со Џорџ Стефанопулос од Еј-би-си „само го потврди она што го видовме една недела порано“, рече Клуни.

Актерот, кој се опиша себеси како упорен демократ, напиша: „Нема да победиме во ноември со овој претседател. Освен тоа, нема да го освоиме Домот и ќе го изгубиме Сенатот“.

„Ова не е само мое мислење, ова е мислењето на секој сенатор и конгресмен и гувернер со кои сум разговарал приватно. Секој, без разлика што тој или таа јавно тврди“, напиша Клуни.

Бајден рече дека имал „лоша ноќ“ на дебатата, но вети дека ќе остане во претседателската трка. Клуни изрази восхит кон Бајден и рече дека го смета за пријател.

„Верувам во него. Верувам во неговиот карактер. Верувам во неговиот морал. Во изминатите четири години тој победи во многу битки со кои се соочи“, напиша Клуни.

„Но, битката што не може да ја добие е битка со времето“.

Слични содржини