Џорџ Клуни и Адам Сендлер ќе соработуваат за прв пат, а еве и на каков филм

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Џорџ Клуни и Адам Сендлер ќе глумат во филм на Нетфликс, кој го режира сценаристот на „Barbie“, Ноа Баумбах, потврди „Дедлајн“. Баумбах го напиша и сценариото за филмот со Емили Мортимер.

Иако официјалниот наслов на филмот се уште не е познат, извори открија дека филмот треба да се вика „Jay Kelly“. Исто така, деталите за заплетот не се потврдени, но се работи за хумористичен и емотивен филм за растењето, наменет за возрасни.

Скот Стубер, шеф на Netflix, во интервју за „Колајдер“ откри дека филмот е сличен на култната романтична комедија Џери Мегваер.

„Ноа Баумбах работи на одличен, емотивен филм, кој би го споредил со „Jerry Maguire“ поради недостаток на подобра аналогија, во кој глумат две големи филмски ѕвезди. Ќе биде возбудливо“, рече Стубер.

Баумбах има ексклузивен договор со платформата за стриминг „Нетфликс“, за која ги сними филмовите „The Meyerowitz Stories“, „Marriage Story“ и „White Noise“.

Филмот на Баумбах ја означува првата соработка меѓу Клуни и Сендлер. Продукцијата на филмот треба да започне на почетокот на 2024 година.

Филмот е продуциран од Баумбах, Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Слични содржини