Џорџ Клуни за Метју Пери: Не беше среќен, „Пријатели“ не му донесоа ниту радост ниту мир

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Актерот Метју Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст. За него сега се огласи неговиот пријател и колега, актерот Џорџ Клуни, кој го познавал Метју од неговата 16-та година.

Клуни истакна дека и покрај улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“ која го прослави, Пери не бил среќен човек.

„Тој не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир. Мет го познавам од кога имаше 16 години. Заедно игравме тенис. Тој е околу 10 години помлад од мене. И тој беше одлично, смешно, смешно, смешно дете“, изјави Клуни за Deadline.

„Беше дете и сè што ќе ни кажеше, мислам на мене, Ричард Кинд и Грант Хеслоу, беше: ‘Само сакам да влезам во ситком, човеку“. Само сакам редовно да учествувам во ситком и би бил најсреќниот човек на светот’. И го доби веројатно еден од најдобрите ситкоми некогаш“, додаде Клуни за Пери.

Серијата „Пријатели“ која го прослави Метју Пери, почна да се снима во 1994 година. Во исто време, Џорџ Клуни започна да ја снима „Ургентен центар“ – серијата благодарение на која се прослави.

„Бевме во Warner Brothers, бевме таму рамо до рамо и беше тешко да се гледа бидејќи не знаевме што се поминува низ него. Едноставно знаевме дека не е среќен и немав поим што прави, 12 викодини дневно и сите работи за кои зборуваше, сите тие нешта кои го кршат срцето“, додаде актерот.

„И тоа само ви кажува дека успехот и парите и сите тие работи не носат автоматски среќа. Мора да бидете задоволни со себе и со својот живот“, заклучи Џорџ Клуни.

Слични содржини