Џорџа Мелони: Илегалните мигранти се непријатели на легалните

од Milan1
33 прегледи

Обраќајќи им се на учесниците на Форумот за трансмедитеранска миграција, што се одржува во Триполи, главниот град на Либија, италијанскaта премиерка Џорџa Мелони денеска изјави дека „илегалните мигранти се непријатели на легалните“.

„Во изминатите години не можевме да дозволиме многу легални мигранти да дојдат во Италија бидејќи имавме премногу илегални. Криминалните организации сакаат да одлучат кој има право да влезе во нашата земја, а кој нема“, рече Мелони, а пренесува АНСА. .

Таа изрази уверување дека секој може да види дека Медитеранот е приоритет за италијанската влада и дека Медитеранот не може да постои без Италија и Либија заедно.

Слични содржини