182
Џорџина Родригез била примена во болница. Тоа го откри самата со објава на социјалните мрежи.
Девојката на Кристијано Роналдо вели дека поминала 4 дена под строг лекарски надзор во болница во Ријад поради пневмонија.
Таа сега е дома каде продолжува да закрепнува.
„Конечно дома! Поминав 4 дена во болница со пневмонија. Сега сум подобро, но сè уште се опоравувам дома со моето семејство. Огромна благодарност до персоналот, лекарите, медицинските сестри и сите во болницата кои толку многу се грижеа за мене и ги ценам за добриот престој!“, напиша Џорџина.