Џорџина му го честита роденденот на Роналдо „Фала му на Бога што ми даде човек како тебе…“

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Кристијано Роналдо пред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден. По тој повод, неговата партнерка Џорџина Родригез му посвети емотивна објава.

„Честитки за нашата голема љубов, фала му на Бога што ми даде човек како тебе и благодарам на животот што ни го даде она што ни ја носи најголемата среќа – нашето семејство и нашите деца. За нашиот заеднички живот во кој цврсто се гушкаме еден со друг! Се најдобро на најдоброто“, напиша таа на Инстаграм.

Таа ги објави и нивните заеднички моменти. На првата фотографија Роналдо и Џорџина позираа сами, а на втората со своите деца. Зад нив се гледа бројот 40 и натписот „папа“, или тато.

Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Gucci во центарот на Мадрид каде Џорџина била вработена. „Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали некаква искра во мене“, се присетила Џорџина подоцна.

Неколку дена подоцна, Џорџина и Роналдо се запознале на моден настан. „Тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера. Не бев на работа, па бев поприродна. За двајцата тоа беше љубов на прв поглед“, рекла Џорџина.

Набрзо започнале романтична врска, а Џорџина престанала да работи во продавницата бидејќи новинарите постојано доаѓале да ја видат новата девојка на Роналдо.

Роналдо и Џорџина заедно ги имаат ќерките Алана Мартина и Бела Есмералда, кои се негови биолошки деца, додека фудбалерот ги има и близнаците Ева и Матео и синот Кристијано Јуниор.
Во април 2022 година, тие за жал го загубија својот син, кој почина за време на породувањето.

Слични содржини