Џорџина Родригез го гледаше финалето на Лигата на нации во кое Португалија ја победи Шпанија по изведувањето на пенали, а нејзиниот стомак привлече посебно внимание на трибините, а луѓето на социјалните мрежи се прашуваа дали инфлуенсерката е повторно бремена.
Имено, видеото споделено на една од фан-страниците ја прикажува Џорџина како стои во ложата на „Алијанц Арена“, со раката преку стомакот, кој изгледаше доста заоблен.
Поради ова, многумина мислеа дека инфлуенсерката е бремена и се прашуваа дали таа и Кристијано Роналдо очекуваат бебе.
Португалскиот фудбалер ја прослави победата во Лигата на нации во друштво на својата партнерка, а заедно позираа и со трофејот.
Кристијано и Џорџина ја споделија и фотографијата, а покрај онаа на која позираат во прегратка држејќи го трофејот, таа додаде и уште неколку видеа кои ги снимаат деталите од гледањето на самото финале на Лигата на нации.
Двојката има пет деца, а Џорџина е биолошка мајка на Алана Мартина и Бела Есмералда.
Ве потсетуваме дека Роналдо има 14-годишен син, Кристијано Џуниор, и сè уште не го открил идентитетот на неговата биолошка мајка. Покрај тоа, тие ги имаат близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.
По финалето на Лигата на нации, Џорџина се појави на прославата по повод 10-годишнината од Нетфликс во Шпанија, а за таа пригода носеше фустан од корсет кој имитира долна облека.
За изгледот, нејзиниот стомак беше скриен под црна ткаенина, а облеката во стилот на корсет со прерамки беше изработена од еластичен сатен.