266
Американскиот експерт за надворешна политика и предавач на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, Едвард П. Џозеф денеска изјави дека е јасно оти премиерот на Косово, Албин Курти, „беше непромислен во своите оперативни потези на север“.
„Тој беше пркосен кога станува збор за меѓународната заедница и провокативен кога станува збор за неговите сограѓани, косовските Срби. Не само апсењата, туку и третманот на Србите кои беа уапсени заслужуваат истрага“, изјави Џозеф за Демостат.
Тој изјави дека поранешниот премиер, Авдулах Хоти, бил покооперативен и дека во септември 2020 година заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белата куќа го потпишал Вашингтонскиот договор.