Младата Полјакиња која тврди дека е Медлин Мекен не е исчезнатата Британка, покажаа резултатите од ДНК анализата.
Џулија Вендел се најде на насловните страници откако рече дека би можела да биде Медлин благодарение на нивните сличности во изгледот.
Медлин исчезна во 2007 година кога имала три години додека била на одмор во Португалија со своето семејство. Оттогаш детективите потрошија милиони обидувајќи се да откријат што се случило со девојчето.
Џулија направила ДНК тест за да дознае повеќе за нејзиниот идентитет и резултатите конечно стигнале по неколку недели чекање. Резултатите од нејзиниот ДНК тест сега потврдија дека таа не е исчезнато девојче, но покажуваат дека е од Полска, со некое литванско и романско потекло.
„Таа е апсолутно 100 проценти од Полска“, рече дроктор Фиа Јохансон, приватен истражител и додаде дека мал процент е Литванка и Русинка, но резултатите од тестот покажуваат дека таа е Полјакиња.
Доктор Јохансон рече дека напорите на Џулија не биле залудни и дека нејзината потрага по одговори помогнала да се придвижи потрагата по Медлин, пренесува „Мирор“.
„Барем Џулија ги натера истражителите да го отворат случајот Мекен“, рече таа.
Џулија неодамна се појави во популарното американско шоу „Др. Фил“ за да разговара за нејзините верувања дека можеби е Медлин. Таа разговараше за нејзините рани спомени и покажа слики од себе како дете за да се обиде да ги поткрепи своите тврдења.
Родителите на Јулија во Полска од самиот почеток инсистираат дека таа е нивно биолошко дете и негираат дека е киднапирана.