АМЕРИКАНСКАТА актерка Џулијан Мур се појави во голем број популарни филмови, меѓу кои The Hours, Magnolia, Children of Men, Crazy Stupid Love и Still Alice за кој освои Оскар за најдобра женска улога.
Во интервју за The Talks, оскаровката зборуваше за својата кариера и беше прашана дали најважната способност или квалитет што актерите можат да ги научат е да разберат каде се камерите и како ја снимаат изведбата, со што таа не се согласува.
„Всушност, мислам дека емпатијата е најважниот квалитет. Мора да се обидете да разберете како се чувствуваат луѓето. Секогаш кога истражувам, тоа е секогаш големо прашање. Кажете ми како се чувствувам, тоа е она што ме интересира. Тоа е едно од големите работи во тоа да се биде актер, што можеш да се нурнеш во овие работи“, коментирала актерката, пренесува Far Out Magazine.