„Длабоко сум вознемирен“: Роберт де Ниро се огласи по смртта на неговиот внук

од Stefanija Kuzmanovska
545 прегледи

Американскиот актер Роберт де Ниро изјави дека е длабоко вознемирен од смртта на неговиот внук Леонардо Де Ниро Родригез (19).

„Длабоко сум вознемирен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сочувството на сите. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека тагуваме поради загубата на Лео“, изјави Роберт де Ниро.

Според американските медиуми, телото на Леонардо го пронашол пријател во неговиот стан во Њујорк во неделата попладне, пренесува британски „Тајмс“.

Слични содржини