ДЛУМ за утре организира комеморација за уметникот Коле Манев

од Aneta Risteska
32 прегледи

Друштвото на ликовни уметници на Македонија организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ. На комеморативната седница ќе се обратат колеги и пријатели на уметникот.

Комеморативната седница ќе се одржи во четврток, 30 јануари, во Националната галерија Даут-пашин амам со почеток во 12 часот.

Манев (83) почина на 22 јануари годинава. Беше познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм.

Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022).

Слични содржини