Познатиот њујоршки рапер ДМХ заврши во болница откако се предозирал доцна во петокот навечер, а прогнозата не е добра, пренесува ТМЗ.
Извори блиски до раперот велат дека тој доживеал срцев удар и дека бил пренесен во болница во Вајт Плејнс, Њујорк и се наоѓа на одделот за интензивна нега. Друг извор рече дека тој бил во „вегетативна состојба“ и дека лекарите предупредувале дека можеби нема да се извлече.
Со години Dark Man X (вистинско име Ерл Симонс) се бори со зависноста, а досега беше неколку пати на рехабилитација. Последен пат тоа беше во 2019 година откако издржа 12-месечна казна за затајување данок.
Во тоа време, ДМХ поднел барање за рехабилитација, не затоа што повторно почнал да се дрогира, туку затоа што се плашел дека повторно ќе почне да зема дрога.
Во декември 2019 година се врати под светлата на сцената, и настапи во Лас Вегас каде се фотографираше и разговараше со обожавателите пред концертот.
Неговиот последен настап беше во јули 2020 година на интернет-емисијата „Verzuz“ каде рапуваше заедно со Снуп Дог, кој беше следен од повеќе од половина милион луѓе.