Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) најавија дека набљудувачката мисија на ОБСЕ треба да ги прекине активностите на оваа територија до 30 април, бидејќи, како што е објаснето, политичката реалност е променета.
„Активноста на Мисијата не треба да продолжи на територијата на Републиката, бидејќи политичката реалност е променета, договорите од Минск веќе не се релевантни, а правната реалност е променета поради официјалното признавање на ДНР од страна на Русија“, сподели Министерката за надворешни работи на ДНР, Наталија Никонорова во „Телеграм“, пренесе ТАСС.
Како што прецизира таа, „оваа одлука веќе е соопштена до локалниот персонал на набљудувачката мисија на ОБСЕ“ и во согласност со тоа, тие „мора да ги преземат сите неопходни активности до 30 април за да ги прекинат нивните активности“ на територијата на ДНР.