257
Во борбите со припадниците на Народната милиција на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), во изминатиот ден загинаа повеќе од 60 украински војници, изјави денеска заменик-началникот на милицијата на ДПР Едуард Басурин.
„Силите на Доњецката Народна Република и Руската Федерација исфрлија од акција повеќе од 60 украински војници“, рече Басурин и додаде дека единиците на ДНР уништиле пет украински оклопни транспортери и седум моторни возила во изминатите 24 часа, пренесува ТАСС.