Од српското министерство за внатрешни работи за „Танјуг“ потврдиле дека денеска биле добиени дојави за подметнати бомби на повеќе локации во Белград.
„Не ја знаеме точната бројка, работата е во тек, полицијата си ја врши работата“, велат од српското МВР.
„Блиц“ објави дека во уредничката електронска пошта на медиумот пристигнала информација дека на 12 локации ширум Белград биле поставени повеќе од 50 бомби.
Како што е наведено, девет бомби во Студентскиот дом на булеварот Краљ Александар, една во Амбасадата на Белорусија (Делиградска 13), 17 во трговскиот центар „Ушче“ на булеварот Михајло Пупин, две во КФЦ на Студентски Трг, девет на аеродромот „Никола Тесла“ (од кои четири на паркинг под цивилни автомобили), шест бомби во трговскиот центар „Делта Сити“ на улицата Јури Гагарин.
Дополнително, се наведува дека една бомба била поставена на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири во ректорската зграда, две на Универзитетот за уметности во Косанчиќево венац 29, три во болницата Земун на Вукова 9, една на ул. Обложувалница Меридијанбет на Гандијева 76а и две бомби во обложувалниците Меридијанбет на Народни Хероја 30.
Белградскиот печат додава дека покрај наведените локации низ главниот град, упатени се и грозоморни закани.